15.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пожари на југот на Италија, температурите до 48 степени: Климата станува тропска

Пожарникарите денеска се борат со шумските пожари во јужниот италијански регион Калабрија, бидејќи метеоролозите предупредуваат дека температурите ширум земјата повторно ќе се зголемат во наредните денови. Пожарите горат во шумите и ниската вегетација низ најјужниот континентален регион на Италија. Минатата недела таму температурите беа над 40 степени.

Поради пожарот, повикано е засилување од Кампанија и Лацио, како и од сицилискиот град Месина. Топлотен бран го погоди југот на Европа за време на шпицот на туристичката сезона, соборувајќи ги температурните рекорди. На грчкиот остров Родос, пак, шумски пожар принуди илјадници туристи да се евакуираат, а жителите да се засолнат во училиштата и стадионите.

Метеоролозите предупредуваат дека во понеделник на југот на Италија, островите Сицилија и Сардинија ќе пристигнат екстремни горештини до 48 степени, по што температурата ќе се спушти на нормалното летно ниво. Италија е една од европските земји најпогодени од климатските промени.

Во мај беше погодена од разорни поплави. Северните делови на Италија, исто така, беа погодени од екстремни временски услови во последните денови. Во вториот по големина италијански град Милано се појави торнадо, а североисточниот дел на земјата го зафати град и бурни ветрови.

„Нашата клима станува се потропска, менува сè и има директно влијание врз економијата“, изјави министерот за економија Жилберто Пичето за весникот Ла Република.

Спонзорирано: