21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Софија блокирана, вработените во МВР бараат повисоки плати

Во Софија центарот на градот попладнево е блокиран од вработени во Министерството за внатрешни работи кои штрајкуваат со барање за зголемување на платите за 10 отсто.

Претходно вработените се собраа пред Министерството за финансии каде демонстрантите фрлаа парички пред влезот во зградата.

Организатор на демонстрациите е Синдикалниот сојуз на вработените во Министерството за внатрешни работи.

Демонстрантите од пред Владата се упатија и пред Парламентот.

– Вработените во Министерството за внатрешни работи лани добиле покачување на платите за 20 отсто, па годинава нема да добијат покачување, изјави пред една недела министерот за финансии на Бугарија, Асен Василев.

Спонзорирано: