Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Ковачевски се сретна со Вселенскиот патријарх Вартоломеј

Премиерот Димитар Ковачевски денеска во Фанар во Истанбул се сретна со Вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Во соопштението од Цариградската патријаршија се наведува дека македонскиот премиер бил во приватна посета.

„Премиерот Ковачевски беше примен од Неговата Светост Вселенскиот патријарх Вартоломеј и двајцата имаа можност, во срдечна атмосфера, да разговараат за прашања од заеднички интерес“, пишува во соопштението.

Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија се уште го чека томосот од Цариградската патријаршија.

Можеби ќе ве интересира

Осумнаесетгодишник пријавил напад со тврд предмет во казино во Кисела Вода

ДЕСК

Вработена во средно училиште во Карпош пријавила дека била нападната од малолетник

ДЕСК

Студент изгаснал пожар на бојлер во „Стив Наумов“, нема повредени

ДЕСК