5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАСВЕТТОП ВЕСТИ

МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ЛИКВИДИРАН ВО ГРЦИЈА: Пукано во вила во Ханиоти, ова се првичните детали

Еден загинат и еден повреден е резултат на мафијашки напад во Ханиоти, Халкидики, пишуваат грчките медиуми.

Според првичните информации, во 03:30 часот дваца маскирани со мотор влегле во изнајмената викендица и пукале во две лица кои биле сместени во неа.

По нападот двете лица биле пренесени во болница, каде била констатирана смртта на еден од застреланите додека другото лице е хоспитализирано.

Според првичните информации станува збор за лица на 39 и 45 годишна возраст.

Едниот од нив, починал, додека пак другиот со повреди бил пренесен во болница.

Инцидентот се случил во туристичко место во Ханиоти, Халкидики. Грчката полиција не ги соопштува имињата на жртвите.

Спонзорирано: