23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
СВЕТИЗБОР

Катастрофални последици од рекордните горештини: поради топлотниот бран, пет отсто порасната смртноста во Холандија

Во вториот квартал од 2023 година во Холандија починале повеќе од 39.000 луѓе, што е за 1.900 или пет отсто повеќе од просекот за тој период претходно.

Во текот на трите недели од јуни имаше зголемена смртност кај лицата што се на долготрајна нега и кај постарите граѓани, објави „НЛ тајмс“.

Тоа се совпадна со топлотниот бран во земјата, објави холандската статистика.

Јуни 2023 година беше најтоплиот месец од почетокот на температурните рекорди во Холандија во 1901 година.

Во вториот триместар неделно умирале околу 150 луѓе повеќе од просекот.

Поголемиот број смртни случаи во вториот квартал делумно може да ѝ се припише на епидемијата на грип во Холандија во април, како и на Ковид-19, кој сè уште циркулира во земјата.

Спонзорирано: