21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Голема акција на полската полиција: уапсено младо момче, кое планирало бомбашки напад врз владата

Полските власти денеска објавија дека уапсиле 18-годишно момче, кое планирало заедно со исламистичките милитанти да бомбардира владина зграда.

Тој наводно собирал информации и производи за правење појас со експлозив, а бил уапсен во јуни во јужна Полска, соопшти Агенцијата за внатрешна безбедност.

„Уапсениот државјанин на Република Полска е обвинет за учество во организирана криминална група со цел да изврши кривично дело тероризам“, се вели во соопштението на агенцијата.

Се додава дека младиот човек преминал во ислам на крајот на 2022 година и дека негов пример биле милитантите како Осама бин Ладен.

Приведениот 18-годишник ќе биде задржан во истражен затвор најмалку три месеци.

Спонзорирано: