Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Детали за цистерната што се запали кај Струмица: превезувала 20 тони нафта, две противпожарни возила излегле на местото

Цистерната што утрово се запали на патот Струмица – Радовиш превезувала 20 тони нафта.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, во пожарот бил зафатен задниот дел на камионот, кај гумата.

До опожарувањето дошло на 1 километар од селото Владиевци на патниот правец Струмица – Радовиш, на терен излегле 6 пожарникари и 2 противпожарни возила, а четворица полицајци вршеле контрола на сообраќајот.

Нафтата ќе биде префрлена во друга цистерна и пренесена до крајната дестинација.

Патот веќе е прооден за возила.

Можеби ќе ве интересира

ХАЏИ ВАСИЛЕВА ОСТАНУВА НА ПРЕДМЕТОТ ПРОТИВ СУДИЈАТА ЃОКО РИСТОВ – Нови детали по изборот

ДЕСК

НОВ ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ВОЗДУХОТ – Ќе биде ли построга контролата на загадувачите?

ДЕСК

ДИГИТАЛНИ ЛИЧНИ КАРТИ И ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ – Пластичните документи остануваат во употреба

ДЕСК