24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Драма на летот за Флорида: Повредени се четири лица

Четири лица се повредени на летот од Северна Каролина за Флорида поради тешки турбуленции, соопштија официјални лица.

Екипажот на летот 227 „Алигиант“, кој тргна од аеродромот во Ешвил, пријавил силни турбуленции додека бил на пат кон аеродромот Сент Пит-Клирвотер, соопшти американската Федерална управа за авијација.

Во соопштението на „Алигиант“ тие потврдија дека авионот во кој имало 179 патници и шест членови на екипажот наишол на силни турбуленции пред слетувањето а дека по слетувањето лекарите процениле дека на двајца патници и две стјуардеси им е потребна помош.

Летот траел 70 минути, а авионот непосредно пред слетувањето ја намалил висината за 2.500 метри за две минути.

Медицинските екипи на местото на настанот соопштија дека има неколку лица со повреди на главата и еден скршеница на зглоб.

Спонзорирано: