Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Хаосот во Скопје е потврда, глас за ДПМНЕ е глас за враќање назад

Неспособната локална власт на ДПМНЕ во Скопје целосно ги изневери граѓаните, оценуваат од партијата на власт.

Според СДСМ, наместо модерно Скопје како што ветуваа за време на изборната кампања, кога ја бараа довербата од граѓаните, Мицкоски и ДПМНЕ од Скопје создадоа една голема депонија.

„Наместо град којшто се развива Скопје уназадува. ДПМНЕ Скопје го врати 60 години назад. Неспособните градоначалници на ДПМНЕ од Скопје направија загаден, нечист, нефункционален град.
Сметот и нечистотијата се само дел од проблемите. Јавниот превоз во Скопје не функционира. Ветувањата за набавка на нови 250 еколошки автобуси, за бесплатен јавен превоз, за модерен транспорт, за фабрика за автобуси не се остварија“, се истакнува во нивното соопштение.

Оценуваат дека не се реализираше ниту еден проект во градот а проектите од минатата локална власт на СДСМ стојат закочени.

„Хаосот што се случува во Скопје е уште една потврда: гласот даден за ДПМНЕ е глас за уназадување и враќање назад“, подвлекуваат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

НЕВРЕМЕ НА ДЕЛ ОД ТЕРИТОРИЈАТА: Западот и југот со пообилни врнежи и засилен ветер

ДЕСК

(ФОТО) Зоран Заев присуствуваше на роденденот на СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС живее во светот на бајките и лагите, не ВМРО-ДПМНЕ, ММФ вели дека сме меѓу првите три држави кои примениле најмногу мерки за справување со ценовните шокови

ДЕСК