11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото tccb.gov.tr
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Ердоган откри дека одлуката за прием на Шведска во НАТО била донесена во парламентот дури на почетокот на октомври.

Турција е понадежна од кога било во врска со купувањето авиони Ф-16 од Соединетите Американски Држави (САД), изјави во средата турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

– Нашите очекувања се дека ќе постигнеме позитивен исход. Се надевам повеќе од кога било – рече Ердоган на прес-конференцијата на крајот од самитот на НАТО во главниот град на Литванија, Вилнус.

Во однос на борбата против тероризмот, тој рече дека за Турција е неоспорна немилосрдната борба против тероризмот.

– Очекуваме разрешница и јасен став на нашите сојузници по ова прашање – додаде тој.

Говорејќи за палењето на Куранот во Шведска, турскиот лидер рече дека нападот врз светите вредности не е слобода на говорот, нарекувајќи го варварство, примитивност и еден вид терористички чин.

„Земјите кои гласаа против резолуцијата за осуда на палењето на Куранот во Советот за човекови права на Обединетите нации треба да го преиспитаат своето разбирање за слободата и човековите права“, рече Ердоган.

Во вторникот, Велика Британија, САД и некои земји-членки на Европската унија ја отфрлија осудата на палењето на Куранот за време на вонредната дебата во Советот за човекови права на ОН во Женева за зголемениот број напади врз муслиманската света книга.

– Големото национално собрание на Турција ќе гласа за протоколите за прием на Шведска во НАТО. Нашите пратеници внимателно ќе го следат ова прашање – изјави турскиот претседател за кандидатурата на Шведска за влез во НАТО.

Сепак, ќе нагласи дека ќе мора да почека репрезентативците да се вратат од летната пауза, со оглед на тоа што во следните два месеци нема седници.

– Првата седница е закажана за 1 октомври – рече Ердоган.

Тој додаде дека Турција отсекогаш ја поддржувала политиката на отворени врати на НАТО и тие никогаш не спречиле ниту една земја да влезе во алијансата од произволни причини.

Зборувајќи за договорот за црноморското жито, кој истекува на 17 јули, Ердоган рече дека Украина сака да го продолжи договорот и дека продолжува решавањето на предлогот на Русија.

– Доколку Русија и Украина понудат или прифатат посредување, Турција со задоволство би го прифатила – рече Ердоган.