6.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Бајден: Путин веќе ја изгуби војната во Украина

Американскиот претседател Џо Бајден одржа заедничка прес-конференција со финскиот претседател Саули Ниинисто во Хелсинки.

Тој порача дека војната во Украина не треба да продолжи со години, наведувајќи дека Владимир Путин веќе изгубил, пишува Си-Ен-Ен.

„Нема шанси да ја добие војната во Украина. Тој веќе ја изгуби таа војна“, рече Бајден на прес-конференција. Додаде дека не мисли оти војната ќе продолжи со години бидејќи Русија не може да ги одржува своите ресурси толку долго, а Путин веројатно на крајот ќе одлучи дека тоа не е во интерес на Русија во економска, политичка или во некоја друга смисла.

Првиот човек на САД исто така рече дека нема голема веројатност Путин да употреби нуклеарно оружје за да ја подобри својата позиција на линијата на фронтот по неуспешниот бунт на групата Вагнер.

Спонзорирано: