16.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Американски експерт: По завршувањето на конфликтот, Украина ќе биде нефункционална држава која нема да ги исполни условите за влез во НАТО и ЕУ

По завршувањето на конфликтот, Украина ќе биде нефункционална држава која нема да ги исполни критериумите за влез во ЕУ или НАТО, пишува „Саут Чајна Морнинг пост“.

„Русите нема да ја освојат цела Украина, но Украина ќе изгуби големи делови од територијата. Русите сакаат да освојат повеќе од 23 проценти што веќе ги зазедоа. Мојата прогноза е дека ќе освојат околу 43 проценти од Украина – Полуостровот Крим и осум различни региони. Тоа ќе биде навистина голем дел од територијата“, вели американскиот аналитичар Џон Мершајмер.

Тој нагласи дека не гледа перспектива за мирно решавање на конфликтот во Украина.

Според него, ниту една страна нема да направи територијални отстапки, затоа конфликтот веројатно ќе биде замрзнат порано или подоцна.

„Она што ќе остане од Украина ќе биде нефункционална држава која нема да може да оди во значајна војна против Русија. А, исто така, нема да ги исполни критериумите за влез во ЕУ и НАТО“, рече Мершајмер.