25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Масакр во Судан: гранатиран пазар, десетици жртви, не се знае кој го извршил нападот

Најмалку 34 лица, меѓу кои и деца, загинаа во случајно гранатирање на пазар во суданскиот град Омдурман, соопштија државните здравствени власти.

Засега не се знае кој го извршил нападот, пишува Би-би-си.

Најмалку 45 луѓе беа убиени во напад во истиот град во саботата на 8 јули.

Судирите меѓу суданската армија и паравоените сили траат веќе три месеци, а досега се убиени повеќе од 3.000 луѓе.