12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Ултранационалистите сакаат да го ограничат патувањето на семејствата на руските службеници во „непријателските земји“

Русија ги смета за „непријателски“ сите земји кои и воведоа санкции поради инвазијата во Украина

Ултранационалистичката Либерално-демократска партија на Русија (ЛДПР) работи на нацрт-закон со кој привремено ќе се забрани патувањето на блиски роднини на високи функционери во „непријателските земји“, пренесува РИА.

Русија ги смета за „непријателски“ сите земји кои и воведоа санкции поради инвазијата во Украина.

Цитирајќи го членот на руската Дума Сергеј Каргинов, РИА објави дека ограничувањата, меѓу другото, може да влијаат и на службениците за спроведување на законот, судиите, врвните менаџери на државните корпорации и одборот на директори на Централната банка.

– Сега, кога Русија е принудена да се соочи со група западни земји предводени од САД кои го испровоцираа конфликтот во Украина, таквите патувања не само што се недозволиви, туку и опасни – рече Каргинов.

Да потсетиме, Русија започна инвазија на соседна Украина во февруари 2022 година.

Спонзорирано: