20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нови судири меѓу полицијата и демонстрантите во Марсеј, илјадници специјалци и полицајци на улиците

Снимките од социјалните мрежи покажуваат дека жителите на Марсеј ги чека уште една ноќ на конфликт.

Видеата што кружат на „Снепчет“ покажуваат дека продавачите на Rue Saint-Ferréol, една од главните трговски области во градот, ги покриваат своите излози со големи дрвени панели. Улицата е на само седум минути пешачење од трговскиот центар Бурс, каде што „Би-Би-Си“ претходно потврди дека имало судири меѓу демонстрантите и полицијата.

На едно видео, може да се види човек како користи дупчалка за да прицврсти голем дрвен панел на предната страна на неговата продавница, додека другите бизниси во областа, вклучително и продавницата на Д-р Мартенс, веќе беа обезбедени.

На друго место, видео покажува тешко вооружени полициски сили како шетаат по блиската улица. ,На второто видео се гледа како голема колона полициски возила влегува во градот.

Би-би-си известува за првите судири меѓу полицијата и демонстрантите вечерва во Марсеј.

Снимките кои кружат на социјалните мрежи покажуваат групи полицајци во опрема за немири, некои носат штитови, се движат низ центарот на градот и во некои случаи трчаат.

Како што објави „Би-би-си“ полицијата исфрли солзавец, додека демнстрантите фрлаат камења.

„Би-Би-Си“ наведува и дека барем на едно видео може да се забележат демонстранти како пукаат некој вид проектил кон полицајците.

Анализата на снимките сугерира дека тие се снимени во последните неколку часа, пишува Би-Би-Си.