Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Лоши вести за времето и утре: Објавена е прогноза за следните 4 дена

Утре времето ќе биде променливо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.

И во Скопската Котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а во делови од котлината е можно краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.

Прогноза за 03.07.2023
Минимална температура: 12°C до 19°C
Максимална температура: 26°C до 34°C

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. UV=8

Прогноза за 04.07.2023
Минимална температура: 12°C до 19°C
Максимална температура: 28°C до 36°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне претежно во западните делови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. UV=8

Прогноза за 05.07.2023
Минимална температура: 14°C до 21°C
Максимална температура: 25°C до 33°C

Променливо облачно и на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. UV=7

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +