23.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Косово прогласи две српски здруженија за терористички организаци: „Одлуката е во координација со меѓународните партнери“

Министерот за внатрешни работи на Косово Џељаљ Свечља денеска изјави дека Приштина ја координирала одлуката за прогласување на организациите Цивилна одбрана и Северната бригада за терористички организации со меѓународните партнери.

„Ние континуирано се координираме со сите наши сојузници, понекогаш се согласуваме, а понекогаш не се согласуваме. Без сомнение, координирани сме за овој чекор“, рече Свечља по седницата на владата во Приштина и додаде дека со текот на времето ќе ги сподели деталите за овој процес.

Свечља додаде дека одлуката ќе стапи на сила веднаш и дека со неа се забрануваат активностите на тие групи.

Претходно денеска Владата на Косово ги прогласи за терористички организации Граѓанската одбрана и Северната бригада, а премиерот Аљбин Курти изјави дека овие организации претставуваат, како што наведе, „сериозна и директна закана за безбедноста и уставниот поредок“ на Косово.