10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Страотна сообраќајка во Струмица – Еден загинат, има повредени

На 27.06.2023 година во 21.15 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат А4 Струмица-Ново Село, на делница помеѓу селата Дабиле и Босилово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од А.Ѓ. (47) од село Бориево, струмичко и патничко возило „фиат“, управувано од Р.М. (31) од село Костурино, струмичко, двете со струмички регистарски ознаки. Од здобиените повреди во несреќата починал возачот А.Ѓ., а смртта ја констатирал лекар во Медицински центар Струмица, а возачот Р.М. се здобил со телесни повреди.

Увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и увидна екипа од Полициската станица Струмица.