23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Путин на „Вагнер“ му понуди три опции

Во понеделникот рускиот претседател Владимир Путин им се заблагодари на борците и на командантите на платеничката група „Вагнер“, кои се повлекоа за да избегнат крвопролевање, но и вети дека ќе ги казни одговорните за бунтот.

Рускиот претседател Владимир Путин во своето обраќање до нацијата на тема запрен вооружен бунт во саботата вети дека одговорните за вооружениот бунт што ја фрли неговата земја во хаос ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

Путин рече дека ќе го почитува своето ветување дека ќе дозволи борците на „Вагнер“ да бидат префрлени во Белорусија доколку сакаат, да потпишат договор со Министерството за одбрана или едноставно да се вратат кај своите семејства.

Тој не го спомна шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, кој го почна вооружениот бунт.

Рече дека Русија во саботата докажала оти секоја уцена е осудена на пропаст и им понудила на членовите на групата „Вагнер“ да се приклучат на војската, да одат во Белорусија или да се вратат дома.

„Ви благодарам (Русите) за вашата издржливост, вашето единство и вашиот патриотизам. Оваа солидарност на граѓаните покажа дека секоја уцена (…) е осудена да пропадне“, рече тој во обраќањето до нацијата пред да им понуди на војниците од паравоената група да потпишат договор со редовната армија, да се „вратат во своите семејства и кај најблиските“ или „тие одат во Белорусија“, пренесе агенцијата АФП.

„Мнозинството во ‘Вагнер’ исто така се руски патриоти. Ја покажаа својата храброст во одбраната на Донбас, но беа охрабрени да се борат против своите сонародници“, рече тој.

„Со враќањето назад избегнаа понатамошно крвопролевање“, додаде Путин. „Мораме да размислиме за луѓето, кои всушност одлучија да го направат ова.

Путин исто така му се заблагодари на белорускиот лидер Александар Лукашенко, кој наводно посредувал за договор за ставање крај на кризата.