11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Кадиров објави селфи со Путин, лидерите се сретнаа во Кремљ

Владимир Путин се сретна со шефот на Чеченија, Рамзан Кадиров, во вторник, 27 јуни. По тој повод Кадиров на социјалните мрежи објави фотографија од него и Путин, пишувајќи дека го информирал претседателот за „социјално-економската состојба“ во републиката, „достигнувањата“ на регионот и неговите идни перспективи.

Објавата на Кадиров не кажува ништо за вооружениот бунт на Евгениј Пригожин или за улогата на чеченските вооружени сили во неговото задушување.

Евгениј Пригожин го започна својот „марш на правдата“ на 23 јуни. На 24 јуни, Кадиров остро го осуди тековниот бунт, нарекувајќи ги постапките на Пригожин „одвратно предавство“ и „убод во грб“ на државата. Неколку часа подоцна, чеченските формации биле забележани на пат кон Ростов на Дон, кој потоа бил окупирани од силите на Вагнер.

Самиот Песков не кажа ништо за агендата на средбата или за што разговарале Путин и Кадиров.