20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Брачен пар од Флорида сакаа да одат на Титаник, го тужеа сопственикот Раш, па ја повлекоа тужбата кога тој почина

Брачен пар од Флорида, кој го тужеле сопственикот на „Ocean Gate“, Стоктон Раш, затоа што одбил да го врати нивниот депозит од 210.000 долари за турнеја на Титаник, ја повлекле тужбата откако Раш загинал во смртоносната експлозија на подморницата „Титан“.

Според американските медиуми, Марк и Шерон Хејгл поднеле тужба во февруари тврдејќи дека Раш постојано ги откажувал нуркањата што ги резервирале со подморницата „Титан“ уште во 2018 година.

„Ги известивме адвокатите да ги повлечат тужбите“, изјавиле тие.

Откако беше потврдено дека Раш загина во „Титан“, брачната двојка Хејгл изјави дека честа, почитта и достоинството на жртвите е поважна од нивната тужба.

„Како и повеќето ширум светот, ние го гледавме покривањето на „Титан“ со голема загриженост и огромна количина на тага и сочувство за семејствата на оние кои ги загубија животите“, се вели во изјавата на Хејгл за „Fox35“.

„Во светлината на овие трагични настани, ги известивме нашите адвокати да ги повлечат сите правни дејствија против Стоктон“, се вели во соопштението.

Расправијата на Марк и Шерон Хејгл со „Ocean Gate“ започна во 2016 година кога потпишаа договор и платија депозит со надеж дека ќе станат првите клиенти на „Ocean Gate“.

Во средината на 2017 година, Хејгл се сомневале дека подморницата, тогаш позната како „Киклоп 2“, нема да биде готова до закажаниот датум на лансирање, според тужбата поднесена во округот Оринџ.

Во тужбата до судот се наведува дека Хејгл сакале да се повлечат од експедицијата и побарале враќање на нивниот депозит од 20.000 долари.

Тие тврдат дека Раш ги посетил во нивниот дом на Флорида во септември 2017 година за да ги увери дека патувањето ќе се одвива според планираното.

„Раш ни опиша што да очекуваме за време на авантурата“, тврдат тие.

Во јануари 2018 година, парот тврдеше дека биле принудени да го платат целиот закуп од 210.258 долари за да обезбедат две места во „Титан“.

Експедициите потоа беа откажани, а кога побараа враќање на парите во 2019 година, им беше кажано дека мора да прифатат места на „Титан“ во 2021 година.