23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

„Чудовиштето се сврте против својот творец“ – Борел вели дека руската воена моќ се распаѓа

Неуспешниот бунт на приватната воена група „Вагнер“ во Русија ги покажа пукнатините во воената моќ на Москва предизвикани од војната во Украина, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

„Монструмот што Путин го создаде со „Вагнер“, тоа чудовиште сега го гризе и работи против неговиот творец“ изјави Борел пред новинарите во Луксембург пред почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

„Политичкиот систем покажува кревкост, а воената моќ пукнатини“, рече Борел.

Шефот на дипломатијата на ЕУ, исто така, предупреди дека „не е добро да се види како нуклеарна сила како Русија влегува во фаза на политичка нестабилност“, пренесе Ројтерс.

Тој, исто така, верува дека сега е моментот ЕУ, повеќе од кога било, да продолжи да ја поддржува Украина.

Спонзорирано: