25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Претреси во Тетово, пронајдена дрога, следуваат кривични пријави

На 24.06.2023 во 20.30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Љ.(31) од Тетово. При претрес извршен врз основа на издадена судска наредба во неговиот дом во Тетово била пронајдена и одземена марихуана. Во 22.30 претрес со судска наредба бил извршен и во домот на С.Б.(33) од Тетово, при што биле пронајдени и одземени повеќе пакувања марихуана подготвени за продажба. Лицето не било во својот дом, но подоцна било лоцирано и повикано во полициска станица. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.