24.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Спасовски: ОВР Кавадарци во изминатите пет месеци, споредбено со истиот период лани, бележи намалување на криминалитет за 21,8%

Фејсбук статус на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски:

ОВР Кавадарци во изминатите пет месеци, споредбено со истиот период лани, бележи намалување на криминалитет за 21,8%, додека вкупната ефикасност на ОВР Кавадарци изнесува 52%, а на СВР Велес изнесува 59,5%.

▶️Имаме одлични резултати во делот на намалување на тешките кражби за 42,9%, споредбено со истиот период лани, како и намалување во делот на економскиот криминал за високи 76,5 %.

▶️Во делот на недозволената трговија со дрога, во текот на овој период од страна на ОВР Кавадарци во соработка со Одделот за крим-полиција поднесена е кривична пријава против правно лице и против државјанин на Република Албанија, со престој во Кавадарци, а по преземените мерки и активности од правното лице одземена е марихуана во вкупна количина од 1 тон и 570 килограми.

▶️Позитивен тренд се бележи и во областа на сообраќајот каде имаме намалување на бројот на сообраќајни незгоди за 41,3%. Имено, во првите пет месеци пријавени се вкупно 44 сообраќајни незгоди, додека за истиот период во 2022 година пријавени се вкупно 75 сообраќајни незгоди. Со големо задоволство можам да кажам и дека во овој период не се регистрирани сообраќајни несреќи со загинати лица, додека во истиот период лани, за жал, имавме три жртви во сообраќајни несреќи