23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Чеченците се повлекуваат од Ростов: Објави командантот

Специјалните единици на чеченските сили, кои вчера беа испратени во Ростовската област за да го спречат напредокот на припадниците на групата Вагнер, денеска почнаа да се повлекуваат од тој руски град.

– Специјалните единици Ахмат се враќаат на позициите каде што претходно се бореа – изјави командантот на единицата Апти Алаудинов.

Алаудинов рече дека Ахмат не бил целосно повлечен од линијата на фронтот.

– Ги повлековме само оние единици на чии позиции имавме замена. Во овој момент полека се враќаме во борбените зони, за да ја ослободиме Марјинка – рече Алаудинов.

Да потсетиме, чеченскиот лидер Рамзан Кадиров вчера најави дека ќе испрати свои единици да му помогнат на Владимир Путин. Единиците на Кадиров пристигнале во Ростов во моментот кога од терен доаѓале информации дека Вагнерите поминале низ Ворожњи и се движат кон Москва.

– Испраќаме единици да ја преземат контролата доколку е потребно – изјави претходно Кадиров.

Синоќа на социјалните мрежи порача дека „ситуацијата заврши без директни конфликти“.

Спонзорирано: