23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Блинкен разговараше со Кулеба: САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина

Американскиот државен секретар Антони Блинкен телефонски разговарал со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеб.

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека Блинкен и Кулеба разговарале за ситуацијата во Русија.

За време на разговорот Блинкен нагласи дека американската поддршка за Украина нема да се промени и дека САД и Украина ќе останат во тесна координација како што се развива ситуацијата во Русија.

Евгениј Пригожин, основач на приватната безбедносна компанија Вагнер, ја обвини руската војска дека го извршила нападот врз Вагнер и се закани со одмазда, по што борците на Вагнер ја напуштија Украина и влегоа во пограничниот регион Ростов.

Последователно, Федералната служба за безбедност (ФСБ) отвори кривична постапка под обвинение за „вооружен бунт“. Рускиот претседател Владимир Путин го опиша бунтот на Вагнер како „предавство“.

Пригожин го најави своето доаѓање во Москва, а администрацијата на Кремљ ги зголеми безбедносните мерки во многу делови од земјата.

Пригожин наводно го прифатил предлогот на белорускиот претседател Александар Лукашенко за деескалација на тензиите во Русија и изјави синоќа дека на 200 километри од Москва сфатиле дека треба да се вратат со конвои за да се избегне крвопролевање.

Спонзорирано: