10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Време е за одлука за европскиот пат, ДПМНЕ има шанса за прв пат да покаже државничко однесување, 24.06.2023

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани граѓани, медиуми,

Досега, опозициската ДПМНЕ нема поддржано ниту една важна стратешка одлука за државата.

Не го поддржаа зачленувањето во НАТО, не го поддржаа ниту Договорот од Преспа, не го поддржаа продолжувањето на преговорите со ЕУ а не гласаа ниту за договорот ФРОНТЕКС.

ДПМНЕ не лобирале ниту за последната одлуката на германскиот Бундестаг со поддршка за членството во ЕУ и признание за македонскиот идентитет.

Само ДПМНЕ-Левица и партии од Бугарија се против оваа значајна Резолуција.

Тоа покажува дека ДПМНЕ нема државнички капацитет и не може да собере сили да го стави интересот на граѓаните на прво место.

Каква е таа партија која е против членството во ЕУ со зачуван македонски јазик и идентитет?

Сега е време за нова одлука за продолжување на европскиот пат. ДПМНЕ и Мицкоски имаат шанса макар еднаш да покажат државничко однесување.

Можеме да застанеме заедно, рамо до рамо за државниот интерес а тоа е членство во ЕУ.

Подадовме рака за дијалог, се случи лидерска средба на која се доближија ставовите.

ДПМНЕ прифати уставни измени и учество во заедничка Влада, го призна легитимитетот на Владата и на Собранието и сега дијалогот треба да продолжи за деталите околу уставните измени.

Нека размислат, ќе им дадеме уште време. Сметаме дека има време за дијалог и заедно да ги донесеме уставните измени.

Опозицијата треба да учествува во носењето на оваа одлука а тоа е исполнување на еден од чекорите кон полноправно членство во ЕУ.

Линк до видео: https://youtu.be/L7NZmrm6xD0