20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Подољак: Во следните 48 часа ќе биде позната судбината на Путин

Советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак тврди дека наскоро ќе се знае судбината на рускиот претседател Владимир Путин, во контекст на вооружениот бунт на Пригожин.

„Во следните 48 часа ќе биде дефиниран новиот статус на Русија“, напиша Подољак во саботата на Твитер.

„Или целосна граѓанска војна или договорен трансфер на власта, или привремен одмор пред следната фаза од падот на режимот на Путин“, напиша Подољак, советник на претседателот Володимир Зеленски.