24.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се надеваме дека нема да ви треба: Еве како звучи млада и возрасна отровна змија

Звукот е тој што ги прави повеќето луѓе нервозни, но не грижете се – тоа е неговата улога. Змиите ѕвечарка го користат врвот на опашката за да ги предупредат потенцијалните предатори, вклучително и луѓето, да се држат настрана. Но, тие го користат и за да го одвлечат вниманието на својот плен.

Тие се, се разбира, отровни, но не треба да се плашиме премногу од нив, бидејќи тие се наоѓаат во Северна Америка.

Ги има низ целиот континент, но досега не се раширени на остатокот од светот, па се надеваме дека така ќе остане.

На TikTok е објавено видео, чиј автор решил да ја покаже разликата помеѓу звукот што го произведува млада и возрасна змија ѕвечарка. Ги прашал своите придружници што мислат, кој звук е поопасен.

Некои верувале дека младата змија е поопасна бидејќи не може да го контролира количеството отров што го испушта, но други ги убедиле дека тоа не е така.

За жал, имало и такви кои веднаш би ја убиле змијата, а да не им направила ништо, заборавајќи дека е крајно отровна и дека со нападот би ризикувале да бидат каснати.

Повеќето луѓе би слушале што сака да каже ѕвечарката и би се оддалечиле од неа.

Погледнете го видеото:

@sdsnakeadventures2 Which is more dangerous? ⚠️ #justcallbruce #snakewranglerbruce #rattlesnake #baby #adult #fear #danger #fyp #fypシ #tiktok ♬ original sound – RBI Snake Wrangler