17.8 C
Скопје
21. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Голема несреќа во Австралија: се преврте автобус, најмалку 10 загинати

Најмалку 10 лица загинаа, а 11 се повредени во тешка сообраќајна несреќа во Нов Јужен Велс, Австралија, кога автобус се превртел на кружен тек.

Несреќата се случила нешто по 23:30 часот по локално време, пишува „Дејли мејл“.

„Првата истрага покажува дека загинале 10 лица, а 11 се превезени во болница, додека 18 патници се неповредени“, соопшти полицијата.

Како што пренесуваат светските медиуми, ова е една од најсмртоносните сообраќајни несреќи во Австралија во последните 10 години.

Возачот на автобусот, 58-годишен маж е жив, а под полициска придружба е пренесен во болница за да му биде извршено задолжително тестирање на дрога и проценка на состојбата.

Се верува дека автобусот можеби превезувал гости кои штотуку присуствувале на свадба, објави „Најн њуз“.