15.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Пукање на погребна поворка во Чикаго: четири лица повредени, двајца се во критична состојба

Четири лица се повредени, од кои двајца во критична состојба, во пукање од комбе на погребна поворка која минувала низ предградијата на Чикаго, соопшти денеска полицијата.

Се вели дека пукањето се случило во саботата додека погребната поворка се движела од Чикаго низ предградието Оук Парк западно од градот.

Сите четворица повредени се пренесени во болница, соопшти полицијата.

Полицијата навела дека во пукотницата нема повредени случајни минувачи. Напаѓачот е во бегство, пренесе АП.

Полицијата на Оук Парк соопшти дека не добила предупредување за ризиците поврзани со погребната поворка.

Шефот на полицијата Шатонија Џонсон рече дека не верува дека има дополнителна закана за јавноста.