9.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ученичка во Сараево покажувала пиштол на училиште

Ученичка во Средното медицинско училиште во Бјелава во Сараево донела пиштол на час, по што директорот повикал полиција, пишува „Klix.ba“.

Полицијата и го запленила пиштолот, а мајка и била повикана на разговор.

Од директорката на тоа училиште, полициската управа била известена дека нивна ученичка донела на час гасен пиштол без муниција и го покажувала“, велат од полицијата за „Klix.ba“.

Додала дека девојката им го покажала пиштолот на останатите ученици, а полицијата кога излегла на терен ја потврдила вистинитоста на наводите.

Потоа била повикана мајката, доказите се исклучени и ќе се третираат како нарушување на јавниот ред и мир“, додаваат од полицијата.

Од училиштето се уште не се огласија за овој инцидент.

Спонзорирано: