Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

245 санкции за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден (07.06.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 245 возачи. Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 160 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 85 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

ДРАСТИЧНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, ПОДГОТВЕТЕ ЈАКНИ И ЧАДОРИ – Метеоролозите со повеќедневна прогноза

ДЕСК

ДРАМА ВО КАРПОШ: Косовец демолирал објект во круг на болница – заврши во затвор

ДЕСК

ДРАМА ВО СКОПЈЕ: 15-годишник нападнат среде ден

ДЕСК