9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
brana,ukraina
СВЕТ

(Видео) Страшни последици по уривањето на браната – 100-ина луѓе заробени во поплавите, илјадници животни пцовисаа

100-ина луѓе во градот Нова Каховка се заглавени, а илјадници диви животни пцовисаа како последица на уривањето на браната „Каховка“ на Днепар, соопшти денеска рускиот градоначалник на тој град под руска контрола, Владимир Леонтиев.

Тој рече дека секоја секунда се излеваа повеќе од 30.000 кубни метри вода и додаде дека се преземаат спасувачки напори за ослободување на луѓето затрупани во поплавите.

Украинските власти споделуваат видео на социјалните мрежи за кое тие тврдат дека покажува риби како се прпелкаат во калта од надојдените води на реката Днепар.

Видеото го објави и Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Екоцид во режија на Русија“, напиша Јермак.

„Седум лица сè уште не се пронајдени“, објасни Салдо.

Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за уништувањето на браната, што предизвика поплавите да се прошират низ воената зона и принуди илјадници луѓе да се евакуираат.

Некои експерти веруваат дека браната можеби се урнала поради претходно оштетување и силен притисок врз неа.

Спонзорирано: