17.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Сте пробале сè, но уште ве мачат комарците: Вака сигурно ќе ги избркате

Во топлите денови неизбежна е појавата на разни инсекти. Но, заборавете на спрејовите и разните хемиски агенси бидејќи се опасни за нас, околината, миленичињата… Пробајте со докажани еко-рецепти.

Треба да се знае дека инсектите сакаат повалкани средини, особено ги привлекува мирисот на храната. Затоа, кујната треба да се чува чиста и храната да се чува правилно. Вака избегнуваме наезда од мравки, бубашваби, муви…

Друго важно правило е – подобро е да се спречи отколку да се лекува. Па, ајде да се понапред од нив! Кога ќе откриете колона мравки, прво откријте од каде доаѓаат, а потоа посипете ја нивната патека со мелено кафе, со неколку капки лимон или цимет во прав.

Корисни се и парчињата краставица, пиперките и сувото нане.

Поставете кора од портокал или лимон на прозорите и балконите и наполнете ги со каранфилче: мирисот што се шири низ просторот ни е пријатен и ги одбива повеќето инсекти, пишува Living.hr.

За да се ослободите од комарците, отстранете ги сите контејнери (и други разни предмети) што можат да држат вода. Засадете растенија кои ги одбиваат, на пример гераниум, босилек и нане…

Тие растенија ќе ги избркаат комарците, но и бројните штетници кои сакаат да ја напаѓаат градината.

Не заборавајте на етеричното масло од цитронела: разредете го во вода и испрскајте го добиениот лосион врз растенијата во саксии, праговите на прозорците и, зошто да не, на кожата.