14.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

На денешен ден почина Дражен Петровиќ, кошаркарската легенда

На денешен ден во 1993 година почина Дражен Петровиќ, кошаркарска легенда. Тој беше еден од најголемите хрватски и светски кошаркари и беше вклучен меѓу 50-те луѓе кои најмногу придонесоа за Евролигата. Важи за лидер на бранот европски кошаркари во НБА.

Дражен почнал да игра откако на тренинзите собирал и додавал топки на својот постар брат Александар. По тренингот остануваше сам во теретана и пукаше до вечер.

Кариерата ја започна на 15 години, кога тренерот на прволигашот Шибенке го воведе во играта. Кога стана полнолетен, потпиша договор за загрепска Цибона, клуб во кој настапуваше и неговиот брат Александар. Со Цибона двапати ја освои титулата европски првак, а во две сезони беше и најдобар европски играч. Потоа се пресели во шпански Реал Мадрид.

Во тој период Дражен беше фронтмен на кошаркарската репрезентација на Југославија, со која го освои Светското првенство во Аргентина во 1990 година, како и Европското првенство во Загреб во 1989 година.

Својот талент го покажа и во НБА, играјќи во Њу Џерси Нетс. И не само што беше најдобриот шутер на тимот во 1992 година, тој беше и најдобриот Европеец кој дотогаш играше во НБА.

Американскиот подем на Дражен и восхитот што неговите игри го предизвикаа кај Американците беше прекинат со сообраќајна несреќа на 7 јуни 1993 година, во која Дражен го загуби животот на 29-годишна возраст.