20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
СВЕТ

Сноуден: „Немав избор, останав во Русија“

Поранешниот агент на ЦИА, Едвард Сноуден, изјави дека не планирал да остане. Првично, не планирав да останам во Русија, но другите земји не можеа да ја осигурат мојата безбедност, изјави тој.

„Во принцип, не планирав да останам во Русија, тоа беше само една станица на патот кон Латинска Америка, со оглед на тоа што Јужна Америка покажа отвореност кон свиркачите во минатото“, објасни тој.

Тој објасни дека за време на неговиот 40-дневен престој во транзитната зона на аеродромот „Шереметјево“ пристапил до многу земји за да добие политички азил, но некои земји се плашеле од реакцијата на САД, а други не биле сигурни дали може да ја обезбедат неговата безбедност.

„Немав избор и побарав азил во Русија и го добив“, рече Сноуден.

Во јуни 2013 година Сноуден иницира голем меѓународен скандал, тој им предаде на „Вашингтон пост“ и „Гардијан“ тајни документи за програмите за следење на специјалните служби на САД и Велика Британија на интернет. Потоа одлетал за Хонг Конг, а оттаму во Москва, каде што извесно време беше во транзитната зона на аеродромот „Шереметјево“.

Спонзорирано: