20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Повторно протести во Франција: Речиси 280.000 луѓе на улица

Речиси 280.000 луѓе вчера протестираа низ Франција поради незадоволство од пензиската реформа.

По пет месеци „мобилизација“ против контроверзните пензиски реформи во Франција, синдикатите во земјата повикаа на 14-ти ден демонстрации. Ова не е првпат локалните жители да протестираат и да го изразат своето незадоволство.

Генералниот секретар на Француската демократска конфедерација на трудот, Лоран Берже, рече дека демонстрациите мора да послужат за „да се покаже силата на синдикалното движење да се соочи со предизвиците пред нас“, како што се „купувачката моќ, платите и станбеното прашање“. .

Распоредени се околу 11.000 полицајци и жандарми, од кои 4.000 во главниот град.

Членовите на францускиот синдикат CGT накратко влегоа и го блокираа седиштето на Организацискиот комитет на Олимписките игри во Париз 2024. Демонстрантите за време на протестот извикуваа: „Нема пензија, нема Олимпијада“.

Спонзорирано: