22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Папата на операција

Папата Франциско попладнево ќе има операција на желудникот во римската болница „Гемели“, се вели во соопштението на Ватикан.

Се наведува дека неговиот медицински тим во последните денови одлучил дека е потребна операција и оти се очекува тој да остане во болница неколку дена за да закрепне.

Агенцијата „Анса“ јавува дека процедурата ќе трае околу два часа и дека папата ќе биде под целосна анестезија.

„Анса“ вчера објави, повикувајќи се на извори запознаени со настаните во Ватикан, дека папата се наоѓа во болницата „Гемели“.

Папата на крајот на мај имаше температура поради што не примаше аудиенција, но не се соопштуваат други детали за неговата здравствена состојба.

Спонзорирано: