18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Мајк Пенс се кандидира за претседател на САД, ќе се бори против Трамп

Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс влегува во трката за републиканска претседателска номинација на изборите во 2024 година.

Пенс (63) ќе ја започне кампањата во Ајова во среда, изјавија за „Ројтерс“ три извори запознаени со ова прашање.

Пенс ќе се спротивстави на Доналд Трамп, кому некогаш лојално му служеше, но одби да го поддржи кога поранешниот претседател се обиде да ги поништи резултатите од изборите во 2020 година.

Поранешниот конгресмен и поранешен гувернер на Индијана има силни конзервативни ставови за социјалните прашања и се повеќе се дистанцира од Трамп.

Тој рече дека поранешниот претседател ги охрабрил бунтовниците кои го нападнаа Капитол на 6 јануари 2021 година и ги ставија во опасност него и неговото семејство.

Пенс им се придружува на се поголемиот број републикански кандидати, вклучувајќи ги Трамп, гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, поранешниот гувернер на Њу Џерси, Крис Кристи, сенаторот Тим ​​Скот и поранешната гувернерка на Јужна Каролина, Ники Хејли.

Големиот број кандидати ги загрижува ривалите на Трамп во Републиканската партија, кои стравуваат дека гласовите против Трамп би можеле да бидат „расфрлани на повеќе места“.

Спонзорирано: