11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
БИЗНИС

Српски Курир ги советува српските туристи кои одат на одмор: Најевтин бензин и нафта во регионот имаат Македонците

Сите оние кои со своите автомобили тргнуваат кон омилените грчки летувалишта се заинтересирани за цените на горивото што го купуваат на српските бензински пумпи во споредба со оние во Северна Македонија и Грција. Повеќето се пресметуваат каде е поевтино и дали ќе го полнат резервоарот на последната пумпа во земјава, пишува курир.рс.

Српски Курир ги носи цените на бензинот БМ 95 и на дизелот во земјите од регионот, според податоците на GlobalPetrolPrices.com ажурирани во последните денови од мај. Кога станува збор за регионот, најевтин бензин се плаќа во Македонија, Србија е некаде на средина, а најскап е во Грција. Слична е состојбата и со дизелот, најмалку чини во Македонија, а најска во Грција и Албанија.

Цени на бензинот евро премиум БМБ 95 за литар:

Македонија 1, 308 евра

Бугарија 1.288 евра

Босна и Херцеговина 1.322 евра

Хрватска со 1.450 евра

Словенија со 1.380 евра

Србија 1.518 евра

Унгарија 1.551 евро

Црна Гора 1.490 евра

Австрија 1.550 евра

Албанија 1.571

Грција 1.865 евра.

Цени на дизелот за литар:

Македонија 1.121 евро

Бугарија со 1.236 евра,

Хрватска 1.440 евра

Босна и Херцеговина 1.245 евра

Црна Гора 1.340 евра

Словенија 1.424 евра

Унгарија 1.499 евра

Србија 1.578 евра

Австрија 1.488 евра

Грција 1.556 евра

Албанија 1.571 евра

Италија 1.662

Спонзорирано: