26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Продолжен притворот на таткото на Коста, осомничен е дека го однел синот на стрелиште

Вишиот суд во Белград му го продолжи притворот за уште 30 дена на таткото на момчето кое го изврши масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград.

Тој се товари за тешко кривично дело против општата безбедност, а се сомнева дека го научил синот како да ракува со оружје, како и дека го однел на стрелиште.

Притворот, како што се наведува, е продолжен на предлог на обвинителството, поради посебни околности кои укажуваат на опасност обвинетиот да го повтори делото доколку се најде на слобода, соопштиле од судот.

Исто така се наведува како причина и начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело, што доведоа до вознемиреност во јавноста што може да го загрози непреченото и правично постапување на кривична постапка.

Обвинетиот В.К се товари за сторено кривично дело Тешко кривично дело против општата сигурност.

Против наведеното решение е дозволена жалба до кривичен непроцеден совет на Вишиот суд во Белград, во рок од три дена од приемот на решението.