20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Архива / Влада на Русија
СВЕТ

Медведев: Глупавите британски службеници се легитимни воени цели

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев изјави дека Британија е „вечен непријател“ на Москва и дека сите британски функционери кои и помагаат на Украина во војната може да се сметаат за легитимни воени цели.

Медведев, коментирајќи ја изјавата на британскиот министер за надворешни работи Џејмс Кверли дека Украина има право да напаѓа цели на руска територија за самоодбрана, рече дека британските „глупави службеници“ треба да запомнат дека Британија може да биде „квалификувана како да е во војна“. .

– Глупавите функционери на Велика Британија, нашиот вечен непријател, мора да запомнат дека во рамките на општо признатото меѓународно право кое го регулира водењето војна во современи услови, вклучувајќи ги Хашките и Женевските конвенции со нивните дополнителни протоколи, нивната ситуација може да се оквалификува како во војна.

-Велика Британија се однесува како сојузник на Украина, обезбедувајќи и воена помош во форма на опрема и експерти, т.е. де факто води необјавена војна против Русија – напиша Медведев на Твитер.

– Во тој случај, секој нејзин јавен функционер (без разлика дали е воен или цивил, кој и помага на Украина во војната) може да се смета за легитимна воена цел – заклучи Медведев.