Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

СДСМ Битола изразува благодарност до сите советници што го поддржаа предлогот на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Општина Битола за разрешување на членовите на Управните и Надзорните одбори во шесте битолски јавни претпријатија кои работат недомаќински

Соопштение на СДСМ Битола:

СДСМ Битола изразува благодарност до сите советници што го поддржаа предлогот на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Општина Битола за разрешување на членовите на Управните и Надзорните одбори во шесте битолски јавни претпријатија кои работат недомаќински или со загуба или, пак, не работат во интерес на граѓаните, туку на политичката партија ДПМНЕ!

Членовите на управните и надзорните одбори во Водовод, Комуналец, Пазари, Паркинзи, Жабени и Културно-информативниот центар се подеднакво одговорни за катастрофалното работење како и директорите назначени од градоначалникот Тони Коњановски!

Најголемиот виновник за состојбите во Битола е токму градоначалникот Тони Коњановски кој со месеци молчи и ништо не презема додека пред очите му се случува колапс на Битола. Коњановски, заради мир во сопствените партиски редови, скоро две години ги штити и брани директорите кои ги претворија претријатијата во загубари. Коњановски избра да слугува на ДПМНЕ, а не да работи во интерес на Битола!

Затоа, разрешувањето на Управните и Надзорните одбори во Водовод, Комуналец, Пазари, Паркинзи, Жабени и Културно-информативниот центар е единствениот чекор кој може да го преземе Советот во моментов, пред да биде предоцна за спас на претпријатијата од кои зависи секојдневниот живот на битолчани.

Матрицата на ДПМНЕ останува иста, без разлика дали се работи за двоецот Владимир Талески и Слободан Бончановски или за тандемот Тони Коњановски и Борче Димитровски. Ама битолчани нејќат да гледаат ист филм двапати. Рамо до рамо со граѓаните, СДСМ ќе ги искористи сите можности за да го спречи грабежот на парите на битолчани!

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: Центар вечерва пее со најмладите на „Детелинки“ , фестивал на оригинални песни и детски таленти

ДЕСК

Акција за отплата на долгови без пресметка на камата до 05.06.2026 година

ДЕСК

Герасимовски: На 9 Мај „Нож и виљушка на европска чинија“, гастрономија, музика и дружење во Центар

C +