34.8 C
Скопје
13. јуни 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Сослушани психологот и педагогот од „Рибникар“, требало да објаснат дали момчето-убиец се однесувало невообичаено

Психолог и педагог во ОУ „Владислав Рибникар“ во Врачар, каде на 3 мај тринаесетгодишно момче уби девет свои врсници и еден обезбедувач, биле сослушани во полиција. Според информациите, тие биле повикани да објаснат дали момчето се однесувало на необичен начин пред масакрот што го извршил, како и дали имало проблеми со него на училиште.

„Училишниот психолог и педагогот беа сослушани во рамки на предкривичната постапка поведена против мајката на момчето со цел да се провери дали нејзиното однесување кон нејзиниот син содржи елементи на кривично дело запуштање и напуштање малолетно дете. Тие дадоа искази во полиција и кога ќе бидат преземени другите дејствија што беа наредени, пријавата ќе биде доставена до обвинителството“, вели извор на „Курир“.

Медиумот потсетува дека изјава дадоа мајката на тринаесетгодишникот, како и дадилката која го чуваше од единаесет месеци до пред неколку години. Овој случај го презеде вишото обвинителство во Белград, бидејќи пред нив веќе се води предметот против таткото на масовниот убиец од основното училиште. Неговиот татко е уапсен истиот ден кога се случи масакрот во центарот на Белград и тој се уште е во притвор. Тој е осомничен за тешко кривично дело против општата безбедност.

Инаку, според написите, Министерството за образование изврши вонреден инспекциски надзор во училиштето и поднесе предлог за разрешување на директорот на училиштето, како и спроведување дисциплинска постапка против педагогот и училишниот психолог, кои беа суспендирани до завршување на постапка.