10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се затвори Хашкиот трибунал: Станишиќ и Симатовиќ осудени на 15 години затвор

По две децении судска постапка пред Хашкиот трибунал, денеска им беше изречена правосилна пресуда на поранешниот началник на Службата за државна безбедност на Србија, Јовица Станишиќ, и на неговиот заменик, Франко Симатовиќ- Френки, пренесува „РТ Балкан“.

Станишиќ и Симатовиќ беа уапсени за време на операцијата „Сабја“ по атентатот на српскиот премиер Зоран Ѓинѓиќ во 2003 година, но никогаш не беа обвинети за учество во тоа убиство.

Процесот, кој почна во 2003 година кога Станишиќ и Симатовиќ беа екстрадирани во Хашкиот трибунал, е најдолг во историјата на овој суд и траеше цели две децении.

Станишиќ и Симатовиќ се осудени на 15 години затвор за помагање и учество во здружен злосторнички потфат, што доведе до воени злосторства во Бјелина, Зворник, Босански Шамац, Добој, Сански Мост и Трново.

Повторното судење на двајцата поранешни шефови на српската државна безбедност е последниот голем процес пред Хашкиот трибунал, кој денес постои со името Механизам за меѓународни кривични судови.

Случајот беше изведен пред Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ), а Жалбениот совет на МКТЈ, со кој претседаваше Грасиела Гати Сантана, претседателката на Механизмот, нареди целосно ново судење.

Предметот продолжи во надлежност на Механизмот, кој донесе првостепени пресуди на 6.8.2021 година. Со првостепената пресуда Станишиќ и Симатовиќ беа осудени на затворски казни по 12 години.

Жалби на пресудата поднесоа и Обвинителството на Механизмот и одбраната.

Симатовиќ и Станишиќ беа прогласени за виновни по сите пет точки од обвинението како поттикнувачи, но не и како учесници во криминално здружување.

Во јуни 2021 година судот изрече второстепена пресуда по повторното судење бидејќи првата пресуда, со која и двајцата беа ослободени од сите обвиненија, беше укината по жалбата на Обвинителството во 2015 година.

Симатовиќ и Станишиќ се осудени затоа што, според ставот на првостепениот суд, знаеле дека учесниците во ‘криминалното здружување’ планирале насилно и трајно да го отстранат мнозинството од несрпско население од големи области во Хрватска и Босна и Херцеговина со извршување на кривичните дела наведени во обвинението.

Станишиќ и Симатовиќ се обвинети за четири точки од обвинението за злосторства против човештвото: прогон, убиства, депортација и нехумани дејства и по една точка за прекршување на законите или обичаите на војната – убиство.

Повторното судење пред Механизмот заврши на 30 јуни 2021 година по што писмената првостепена пресуда беше донесена на 6 август истата година, а жалбеното рочиште на 24/25 јануари 2023 година го означи крајот на преджалбената фаза на овој случај, која почна во септември 2021 година.

Овој случај го претставува последниот случај на МКТЈ за воени злосторства.

Спонзорирано: