15.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел: Русија нема да преговара додека се обидува да ја добие војната

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, рече дека верува оти Русија нема да биде подготвена да преговара се додека се обидува да победи во војната во Украина, додавајќи дека не е оптимист за тоа што би можело да се случи во војната ова лето.

„Гледам концентрацијата на армијата на двете страни, јасната волја на Русија да победи во војната“, рече Борел во Барселона и додаде:

Тој додаде дека Русија повторно сигнализирала дека нема да ја прекине операцијата додека не се постигнат нејзините воени цели.

Коментарите на Борел доаѓаат истиот ден кога Русија соопшти дека нејзината војска ги погодила украинските воздушни бази, а украинските сили истрелале ракети врз индустриски капацитети во Русија, бидејќи двете страни се обидуваат да добијат предност пред очекуваната контраофанзива на Киев.

„Се плашам дека отсега до лето војната ќе продолжи. Путин таму собра повеќе од 300.000 мажи, двојно повеќе отколку кога ја започна инвазијата“, изјави Борел за новинарите по настанот.

Руското воено присуство во Украина е „огромно“ и сè уште секојдневно ја бомбардира Украина и ја уништува цивилната инфраструктура, додаде тој.

„Се плашам дека тоа не го прават без план. Мораме да бидеме подготвени, што значи да продолжиме да и помагаме на Украина, бидејќи ако не помогнеме, Украина не може да се одбрани“, рече Борел.