7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

СДС да ја прашаат Арсовска за банкротот на Скопје, јавно им ја честитаме коалицијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС да ја прашаат Арсовска за банкротот на Скопје или на средбите со неа или кога и ги гласаат финансиските планови, ако им е непријатно да соопштат, еве јавно им ја честитаме коалицијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Би сакале да дадеме точен одговор на дилемите на СДС дадени во денешното утринско соопштение со наслов „ВМРО-ДПМНЕ да каже каде се парите во Град Скопје поради банкротот на градот” но не можеме да им помогнеме бидејќи ВМРО -ДПМНЕ нема никаква власт во градот Скопје“, се истакнува во соопштението до опозициската партија.

Ги повикуваат СДС ова прашање да го постават на една од многу средби на Данела Арсовска која, како што истакнуваат, ги има во просториите на Владата, или пак пред седниците на Совет кога здружно СДС, Левица, ДУИ и ГРОМ ги гласаат финансиските програми на Данела Арсовска.

Со ваквите соопштенија, како што оценуваат, СДС единствено ја брани неспособноста на Данела Арсовска. „Ако им е непријатно јавно да соопштат еве ќе им помогнеме и ќе им ја честитаме и јавно коалицијата Арсовска СДС. Нека им е аирлија и нека им се посреќи“, стои во напишаното од страна на ВМРО-ДПМНЕ.