14.8 C
Скопје
15. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Се’ повеќе млади пушачи во Германија

Бројот на млади пушачи во Германија нагло се зголеми во последните три години, покажуваат истражувањата.

Дури 11 отсто од луѓето на возраст од 16 до 29 години се опишале како редовни пушачи, во споредба со само шест отсто во 2020 година, објави медиумската група „Функе“, врз основа на истражувањето Форса нарачано од Фондот за здравствено осигурување.

Според истражувањето, два отсто од испитаниците се опишуваат себеси како повремени пушачи, а 87 отсто како непушачи. Во возрасната група од 30 до 49 години, уделот на редовните пушачи благо се зголемил од 19 на 21 отсто, додека во групата од 50 на 69 години бројот на пушачи паднал од 23 на 19 отсто.

Севкупно, 18 отсто од оние на возраст над 16 години се редовни пушачи, покажа истражувањето. 74 отсто од жените и 77 отсто од мажите се изјасниле како непушачи.

„Загрижувачки е фактот што особено младите пушат повторно, и тоа редовно“, изјави Мајкл Фалкенштајн, експерт за прашања на зависност од KKH, за весникот Funke.