19.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Нема да има ново вето ако се усвојат измените на Уставот, уверува холандскиот амбасадор Коп

Холандскиот амбасадор во Македонија, Дирк Јан Коп уверува дека нема да им ново вето за отпочнување на преговори со Европската Унија доколку земјата ги направи измените на Уставот.

Тој во интервју за „Радио Слободна Европа“ вели дека менувањето на Преамбулата во Уставот го гарантира почетокот на новата фаза од преговорите и дека тоа следува автоматски.

Коп објаснува дека првата фаза од преговорите, почна лани во јули. во тек е скрининг процесот и од него ќе се знае многу јасно каков напредок постигнала Северна Македонија и што уште треба да се направи.

„Тоа е корисно, но тоа е всушност што Северна Македонија веќе го знае, што треба да се направи. Втората фаза ќе почне во моментот кога Северна Македонија ќе ја смени Преамбулата во Уставот за да го вклучи бугарското малцинство, заедно со седумте етнички заедници кои се веќе споменати во Уставот“, вели Коп.

Заклучоците од Советот минатото јули, според Коп значат дека штом Северна Македонија ги усвои уставните измени, веднаш ќе почне втората фаза, и без каква било друга политичка одлука.

„Како што веќе реков, нема ново вето. Ако Преамбулата на Уставот се смени, тогаш втората фаза од преговорите е автоматска и не може да има вето таму. Исто така тоа не е толку многу важно. Земјата треба да ги заврши реформите. И тоа е единствениот начин да се влезе во Унијата. А скрининг процесот ќе даде јасно до знаење какви треба да се реформите и на крајот тоа е многу поважно од позицијата на Бугарија“, изјави Коп, и додава дека се согласува дека има преголемо внимание за ова прашање.

Тој потсетува дека измените на Уставот се билатерална обврска меѓу Северна Македонија и Бугарија.

„Тоа е договор меѓу двете земји. Холандија не е дел од тој договор и како такви немаме интерес за тоа. Но, постои можност ова да стане еден вид оправдување за да не се завршат реформите, тоа го одвлекува вниманието за да не се завршат работите кои се навистина важни, а Бугарија ја сметаме за помалку важно, билатерално прашање поврзано со евроинтеграциите“, вели Коп.